ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ПРЕКУ ТРГОВЕЦ

Намена на кредитот

Кредитот се одобрува исклучиво за купување на производи / услуги од соодветно продажно место

Износ Од 12.000 до 300.000 МКД
Валута Денарски кредит

Каматна стапка (Годишна променлива)

11,25% (СБ согласно важечката регулатива редовно ја објавува годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) на својата веб страна, на огласните табли на шалтерите и преку јавните медиуми)
Рок на отплата

• Од 6 до 48 месеци (4 години) - За кредити до 30.000 МКД

• Од 6 до 72 месеци (6 години) - За кредити над 30.000 МКД

Исплата

Исплата се врши на трансакциска сметка на Продавачот од кој се купува соодветниот производ или услуга

Отплата

Еднакви месечни ануитети (минимален износ на месечен ануитет 599 МКД)
За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, можна е отплата:

• со траен налог
• преку е-банкинг системот на СБ
• телефонско банкарство на СБ
• преку банкоматите на СБ

Без трошоци за предвремена отплата

Трошоци Административни трошоци од 1.000 МКД, еднократно при одобрување на кредитот

Критериуми за кредит

• Физички лица, Државјани на Р.М.

• Минимален приход од 97.200 мкд годишно или 8.100мкд месечно за секој учесник

во кредитот поединечно.

• Максимален месечен ануитет:

- 55% во однос на месечни примања за клиенти со плата во СБ

- 40% во однос на месечни примања за останати клиенти

• Возраст на клиентот од 20 години на денот на аплицирање до 67 години на денот

на отплата

• Ко-кредитобаратели може да бидат лица кои се членови на потесно семејство

(родител, дете, сопруг/a)

• Ко-редитобаратели може да бидат лица кои не се членови на потесното семејство,

но да ги задоволуваат следните услови:

oКо-кредитобарателот да е клиент со плата во СБ (најмалку 1 месец), или

oКо-кредитобарател да е клиент со постоен кредитен производ во СБ, со добра

кредитна историја

• За прифатените ко-кредитобаратели (без оглед на тоа дали се членови на

потесното семејство или не), 100% од нивните примања и задолжувања влегуваат

во пресметките за DTI.

Потребни - документи

*1. Потпишана Апликација и Договор за наменски кредит (2 примерока)

*2. Фотокопија од лична карта или пасош

*3. -За клиенти кои земаат плата во СБ: потребно е само извод од трансакциска

сметка за последните 3 месеци

-За сите останати клиенти: Чек од пензија/потврда за редовно вработување,

заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30

дена), а за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за

прием од УЈП) за последните 2 месеци

4.Фотокопија од последна платена сметка за комуналии на пр:струја,телефон,вода

или парно (не се однесува на клиенти со плата/пензија во СБ).

5.Оригинална Про-фактура од продавачот за продажба на производите, потпишана

и заверена со печат

*6. Согласност за доставување извештај од Македонско кредитно биро АД Скопје

* Се однесува на кредитобарател и ко-кредитобаратели

 

 

   
 
ag.jpgatiker.jpgbre.jpgdenso.jpgfaro.jpgfobm.jpgfvalie.jpgjlm.jpgtar.jpg
JoomlaMan